(Видео) Паркиран автобус во Австралија се придвижил кон бензинска пумпа, ученичка го спасила денот


Тинејџерка на возраст од 14 години е поздравена како херој откако нејзиното брзо размислување спречи училишен автобус да удри во бензинска пумпа во Нов Јужен Велс.

Средношколскиот автобус минатата среда бил паркиран пред училиштето, кога почнал да се движи без возач зад воланот.

Изабел Милер, која се качила во автобусот само за да разговара со пријателите, истрчала на предниот дел од возилото и го грабнала воланот додека автобусот го минувал патот и се упатил директно кон автомобилите на бензинската пумпа, пишува Гардијан.

„Претпоставувам дека сопирачката престана да работи и автобусот почна да се движи. Бидејќи е благ надолнина, тој забрза. Но, една млада девојка истрча на предниот дел од автобусот, нагази на сопирачката и го насочи на другата страна”, рече Фејт Питман од бензинска пумпа. 

„Да ја погодеше пумпата, ќе го разнесеше целото место“
На снимката од надзорните камери се гледа како луѓе стојат на патот на автобусот пред 14-годишното девојче да го фати воланот. Говорејќи во емисијата Nine’s Today, Милер истакна дека „сите беа преплашени“. „Никој не направи ништо за да го запре автобусот, па истрчав на предниот дел од автобусот и го свртев за да избегнам судир“, рече таа.

„Беше доста страшно, помислив дека нешто лошо можеше ќе се случи ако не направев ништо“, додаде таа.

Потврдила дека еднаш возела автомобил на пасиште, но тврди дека освен тоа немала друго возачко искуство.

На видеото се гледа и наставник кој се обидува да го тргне автобусот настрана однадвор, но се зависело од Милер.

„Да ја погодеше пумпата, ќе го разнесеше целото место. Како што можете да замислите, можеше да биде катастрофа“, рече Питман.

Таа забележа дека возачот на автобусот разговарал со наставникот кога автобусот почнал да се тркала.

Директорот на средното училиште Трент Греам и градоначалникот Роберт Мастоу ја пофалија тинејџерката за нејзините постапки.

Локалната полиција соопшти дека го истражува инцидентот.