(Видео) Падна снег во Бразил – постари граѓани прв пат гледаат


 

Откако дојде до значителен пад на температурите во бразил, во оваа јужноамериканска држава прв пат падна снег.

Автомобилите, улиците и автопатите се прекриени со снег имраз, а лушето ја искористија приликата оваа ретка појава да ја фотографираат и да играат на снегот.

„Имам 62 години и никогаш не сум видел снег. Да се види оваа природна убавина е неописливо“, вели возач на камион Јодор Гонцалвес Маркез во градот Камнара до Сол за ТВ Глобо.

Пораснаа цените на кафето и на шеќерот

Повеќе од 40 градови во државата Рио Гранде до Сол се под мраз, а во најмалку 33 општини падна снег, јави метеоролошката станица.

Невообичаено студеното време во Бразил веќе успеа да ги зголеми меѓународните цени на кафето и шеќерот, а денешниот ден е прогласен за најстуден во годината, пишува Ројтерс.

Бран студен воздух ќе тргне кон северот на Бразил. Поларната воздушна маса треба денеска да се двиќи над Сао паоло и Минас Герасиа донесувајќи ниски температури.

Според метеоролозите, ветриштата во Сао Франциско де Пауло достигнувале брзина од 80 км/ч, што е ретка појава во Бразил.

„Речиси да не го чувствувате студеното поради возбудата заради снегот. Чудесен е, чудесен“, вели една граѓанка на Сула, Жозелин да Силва Маркез за ТВ Глобо.