(Видео) Низа тешки сообраќајки во САД поради песочна бура, загинаа седуммина
Седум луѓе загинаа, а уште неколку се тешко повредени во низа сообраќајни несреќи во американската сојузна држава Јута.
Имено, во сообраќајни несреќи учествуваа 20 возила, а се верува дека главната причина е песочна бура која предизвика проблеми со видливоста.
Несреќите се случиле на околу 250 километри од Солт Лејк Сити.
Неколку луѓе се превезени во локалните болници и се критична состојба.