(Видео) НАСА покажува како ќе изгледа идно истражување на вселената


НАСА можеби е фокусирана на „тешка“ наука, но не се противи да се втурне“ малку и  во научна фантастика. Во вторникот, Центарот за вселенски летови Годард на НАСА ја сподели својата визија за идното човечко истражување на вселената и видеот за тоа е инспиративно, пишува порталот C-net.

Видеото Визии на иднината прикажува егзотични дестинации за одмор резервирани преку измисленото Биро за патувања Егзопланета. „Барем исто толку важни колку ракетите и сателитите за вселената, е истражувачот и инспирацијата да се направи патувањето“, велат од НАСА Годард.

Можеби сте замислиле како стоите на Марс и гледате лансирање ракета, но дали сте размислувале да лебдите на подигната платформа низ облаците на Венера, да скокате со падобран во егзопланетата HD 40307 g слична на Нептун или да ги гледате двете сонца видливи од површината на Кеплер- 16б? НАСА го стори тоа.

Видеото е инспирирано од серијата плакати за патување што НАСА ги нарача да ги истакне вселенските дестинации во близина или подалеку, од Марс до џуџестата планета Церес до егзопланети лоцирани во други сончеви системи. Сите тие се вистински места, иако за некои знаеме повеќе оттколку за другите.

НАСА Годард сподели и краток поглед од зад сцената за тоа како видеото е создадено со помош на зелени екрани.

Честопати гледаме концептуална уметност за далечни локации како што се новооткриените егзопланети. Таа уметност вообичаено не ги внесува луѓето во равенката, па затоа постерите и видеото за патувања на НАСА се толку волшебни. Можеби луѓето се уште не ја поминале нашата Месечина, но можеме да замислиме иднина што достигнува далеку, многу подалеку.