(Видео) Ни требаат ли вакви семафори?
Во индискиот град Мумбај поставен е семафор кој ќе може да се види од многу подалеку.
Се работи за семафор на кој по целата должина на држачот има поставено лед светилки, кои ја менуваат бојата во зависност од тоа дали семафорот покажува црвено, жолто или зелено.
Засега поставен е еден ваков семафор во повеќемилионскиот Мумбај, а овој проект треба да ја зголеми видливоста на семафорот од далечина, па возачите порано ќе го воочат.
Исто така, ЛЕД расветата по должина на целиот столб ќе им помогне на возачите во време на слаба видливост.
Градто Мумбај планира да инсталира ЛЕД расвета на уште една прометна крстосница, а следниот чекор е еколошки – поставување соларни панели со помош на кои системот би се напојувал со струја.
Безбедноста на индиските патишта е многу ниска. Имено, во оваа земја сообраќаат нешто помалку од три отсто од сите возила на светот, но Индија учествува и со 12 отсто смртни случаи во сообраќајки во светот, пишува Ревијахак.
Светската здравствена организација проценува дека во 2018 година во Индија загинале речиси 300.000 луѓе во сообраќајни несреќи.