(Видео) Се зголемува бројот на жртвите во Мексико Сити по падот на надвозникот
Најмалку 20 луѓе загинаа, а 70 се повредени во Мексико Сити, кога надвозник на кој имало вагони од подземна жележница делумно се сруши врз пат, во понеделникот вечерта, соопштија тамошните власти.
Драматична видеоснимка емитирана на локалниот канал Миленио ТВ покажува како надвозникот на метрото на линијата 12 паѓа со вагоните на него.
Според првичните податоци, во несреќата загинале 15 луѓе, а 70 се повредени, објави грдската агенција за управување со ризици и цивилна заштита.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шејнбаум, го посети местото на несреќата и на Твитер напиша: „За жал, има мртви и повредени, помагаат пожарникари и службеници од јавната безбедност. Вклучени се повеќе болници“.
Други снимки на телевизиски станици и социјални медиуми покажуваат екипи на брза помош и пожарникари како ги пребаруваат урнатините во потреага по преживеани.
Линијата 12 на метрото изградена е кога министерот за надворешни работи Марчело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.
„Ова што денеска се случи е ужасна трагедија. Мојата солидарност е со жртвите и нивните семејства“, напиша Ебрард на Твитер.
„Секако, примероците мора да се истражат, а одговорноста да се дефинира. Стојам на располагање на властите да помогнам за тоа што е потребно“, додаде тој.