(Видео) Кој ги сече боровите на Водно?


Граѓани, пасионирани љубители на планинарењето и на планината Водно, реагираа на сеча на борови во парк шумата, во делот, односно планинарската патека над црквата Свети Пантелејмон.

Во видеото кое што го испратија до „Независен“ се забележуваат повеќе исечени стебла покрај патеката. Зачудува што кај ниту едно од нив не се забележуваат оштетувања или болести.

Граѓанинот кој го сними видеото е огорчен. 

„Ова е терор“, вели тој. После 50 години качување на Водно, ова го доживеав сега“, вели тој во видеото.