(Видео) Карл Билд: Говорот на тело зборува многу повеќе од рускиот јазик
„Говорот на телото зборува во овој случај многу повеќе од рускиот јазик“, напиша шведскиот дипломат Карл Билд на Твитер, коментирајќи ја средбата меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и неговиот руски колега Владимир Путин.
Додека Лукашенко разговараше со него, Путин не рече ниту еден збор, а сите што го гледаа видеото изјавија дека Путин на тој начин покажал кој е шефот.
The body language says far more in this case than the Russian language. pic.twitter.com/NZqWQofXIn
— Carl Bildt (@carlbildt) September 14, 2020
Да потсетиме, по состанокот на двајцата лидери, пристигна изјава од Кремељ во која се вели дека Русија ќе ги повлече своите војници распоредени долж границата со Белорусија.