(Видео) Хаос во српското собрание – Брнабиќ итно повика обезбедување
Пратениците на српскиот парламент денеска ја почнаа расправата за предлог-буџетот за 2025 година и пропратните закони, а на дневен ред на седницата има околу 50 точки. Денеска, како и многупати досега, опозицијата направи скандал.
Во Собранието на Србија дошло до физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата, бидејќи опозиционерите по усвојувањето на дневниот ред најпрвин подигнале транспаренти, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога членовите на Владата влегоа во салата.
Прво дојде до туркање, а потоа и физичка пресметка меѓу Бојан Торбица од Социјалистичкото движење и претседателот на ССП, Драган Ѓилас.
— Ime Prezime (@Lozinkaje47169b) November 25, 2024
Претседателката на Собранието Ана Брнавиќ го повика обезбедувањето да влезе во салата и тие се обидоа да ги смират пратениците.
Брнабиќ потоа се симна од фотелјата и ги повика пратениците да се вратат на своите места.
Набрзо пратениците се вратија во столчињата, но расправата не продолжи, пратениците на опозицијата се уште стојат.
На седницата и хаосот што го направи опозицијата, дуваат вувузели и точат вино.
— Ime Prezime (@Lozinkaje47169b) November 25, 2024