(Видео) Хаос по улиците во Амстердам поради новите мерки


Неколку илјади луѓе денеска одржаа нелегален протест во Амстердам поради националната блокада воведена за забавување на ширењето на пандемијата на вирусот корона во Холандија, пред полицијата да ги растера.

Демонстрантите се собраа на плоштадот пред Риaксмузеум и музејот Ван Гог, носејќи натписи „Слобода: Стоп за оваа опсада“ и извикувајќи „Што сакаме? Слобода!“.

Ниту еден од собраните не носеле маски, кои, сепак, не се задолжителни, а само некои одржувале физичка дистанца.

Властите не издале дозвола да одржат протест на плоштадот пред музејот.

Бидејќи демонстрантите одбиле да се разотидат, полицијата користела водени топови за да ги растера.

Холандската влада ги затвори училиштата и повеќето продавници во декември за да го намали ширењето на коронавирусот, а оваа недела го продолжи „заклучувањето“ за уште три недели.