(ВИДЕО) Еди Рама клечел пред Мелони и ја нарекол „височество“
Косовските медиуми јавуваат дека албанскиот премиер Еди Рама клекнал пред италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на нивната посета на Абу Даби, подарувајќи ѝ марама како роденденски подарок и нарекувајќи ја „Ваше височество“. Како што може да се види од видеото, Рама дури се обидел да и ја стави марамата над главата како хиџаб.
Рама и Мелони учествуваа на Светскиот енергетски самит во Абу Даби, а Рама според медиумите успеал да ја претвори рутинската политичка средба во романтичен момент.
„Рама се упати кон неа како Ромео, клекна на едно колено и ја испеја класичната италијанска роденденска песна „Tanti Auguri“ како серенада на Мелони за нејзиниот 48. роденден. И како тоа да не беше доволно, тој заврши подарувајќи и прекрасно дизајнирана марама, изработена од италијански дизајнер кој сега Албанија ја нарекува дома. Разговор во стилот на долче вита дипломатијата“, пишуваат медиумите.
🇦🇱🇮🇹 Albanian PM Edi Rama knelt before Italian PM Giorgia Meloni during their visit to Abu Dhabi, presenting her with a scarf as a birthday gift and referring to her as “Your Majesty”.
He also tried to place the scarf over her head like a hijab. pic.twitter.com/QSqEuuBexM
— kos_data (@kos_data) January 15, 2025
Гестот не заврши тука. Сивата марама била украсена со портрети на албански личности од минатиот век. На видеото што го објавија италијанските медиуми, се гледа како премиерот Рама ја чека Мелони на павилјоните на Националниот изложбен центар во Абу Даби и додека таа пристигнува, тој и се обраќа со „Ваше височество“ барајќи од присутните да му се придружат, но без голем успех. Во урнебесен момент Рама продолжил со шегата: „Имам глас како албанско магаре“. Потоа, додека Мелони изгледаше изненадена, тој проба да и ја стави марамата на глава во арапски стил, предизвикувајќи смеа кај присутните.
Овој личен момент меѓу лидерите на две политички различни нации ги покажа нивните силни меѓусебни односи, дополнително нагласени со значаен договор за обновлива енергија од една милијарда евра.