(Видео) Дупчалка ненамерно пробила во тунел на метрото во Истанбул. Сè е снимено


Машина за дупчење која работи во близина на линијата на подземната железница што го поврзува централниот кварт Меџидиекој во Истанбул со главниот градски аеродром случајно го пробила таванот на тунелот на метрото и шините, се вели во видеото што го објави денес ТВ Созчу.

На видеото се гледа дупчалката во работа и штетата направена на тунелот и шините. Дупчалката го пробила таванот на тунелот и се спуштила до шините на метрото, како што може да се види на видеото. Портпаролот на Министерството за транспорт изјави дека по инцидентот завршиле поправките на тунелот.