(Видео) Демонстрантите во Виена се судрија со полицијата


Илјадници се собраа во саботата во главниот град на Австрија, Виена, за да протестираат против ограничувањата воведени во разни сектори од јавниот живот со цел сузбивање на ширењето на корона вирусот.

Соочена со секојдневен пораст на бројот новозаболени, австриската влада минатиот месец стана првата во западна Европа која повторно воведе карантин и најави задолжително вакцинирање од февруари.

Демонстрантите истакнаа транспаренти на кои пишуваше: „Ќе одлучам сам“, „Ќе ја направиме Австрија голема пак“, и „Нови избори“, што е одраз на почитичките превирања со кои последните два месеца се соочуваат дури тројца премиери.

Во градот имаше разместено 1.200 полицајци кои требаше да спречат демонстрантите да се соберат на Рингот.

Полицијата најави дека ќе ги потсетува учесниците на протестот дека мора да носат заштитни маски и дека ќе ги казни оние кои не го почитуваат ова правило.

Во еден момент дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите.

Парламентарната комисија оваа недела го одобри предлогот за двојно подолго траење на карантинот од 20 дена.

Австрија, земја во која живеат 8,9 милиони житлеи, од почетокот на пандемијата минатата година пријави речиси 1,2 милиони случаи на зараза со корона вирус и повеќе од 12.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Бројот на нови случаи на зараза постепено се намалува откако во земјата е воведен карантин.