(Видео) Борбени авиони на Војската на Србија го надлетуваат Јариње


Граѓаните на Србија, незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарски таблички при влезот во Косово, кај премините Јариње и Брњак, шести дека се на протест. Денеска, и авиони на Војската на Србија го надлетуваа местото, а граѓаните ги дочекаа со аплауз.

На премините распоредени се специјални единици на Косово РОСУ.

Единиците на Војската на Србија пак, се во зголемена борбена готовност во гарнизоните во Рашка и Нови Пазар.

Тензиите на границата се зголемија откако во четвртокот, единиците на РОСУ натепале тројца српски граѓани, кои не биле учесници во протестот, туку наводно спремале дрво за зимската сезона.

Деновиве постојано има инциденти на оваа територија. Тензиите растат, а во зградата на Општината Зубин Поток, во текот на ноќта изби и пожар, при што опожарени се две канцеларии.

Премиерот на косово АЛбин Курти на Фејсбук пиша дека нападнат бил и регистрациониот центар во Звечане при што го обивини официјален Белград дека поттикнува напади,

Тврди дека и пожарот во Зубин Поток е подметнат и дека во регистрациониот центар се фрлени две бомби, но дека не експлодирале.

Покрај тоа, на Јариње и на Брњак е мирно. Помалку луѓе има на Брњак, каде има и помалку полиција.

Два камиони со песок се ставени како барикада предку еден од мостовите каде Србите протестираат заради присуството на специјалната полиција и воведување на пробните таблички за автомобилите од централна Србија.
Од блокадите до пунктот може да се стигне само пешки.