(Видео) Боб Дилан објави песна за Џон Кенеди, која трае 17 минути


Американскиот кантавтор и нобеловец, Боб Дилан издаде нова авторска песна по осум години. Композицијата говори за убиството на прочуениот претседател на САД – Џон Ф. Кенеди.

„Поздрав за сите мои обожаватели и следачи. Ви благодарам на поддршката и посветеноста сиве овие години. Ова е досега необјавена песна, којашто ја снимивме пред некое време и мислам дека ќе ви биде интересна. Останете безбедни, внимателни и Бог нека е со вас“, објави Дилан на Твитер.

Нумерата е насловена „Murder most foul“ и трае 16 минути и 57 секунди, што ја прави најдолга песна во кариерата на поп-пејачот. Неговата „Highland” oд 1997 година, за споредба, траеше 16 минути и 31 секунда.

 

Боб Дилан (78) – уметник, музичар, писател и глумец, се смета за икона на рок-музиката. неговата кариера трае веќе речиси пет децении, а списанието „Ролингстон“ го има рангирано како втор најважен изведувач во историјата на музиката, зад „Битлс“.