(Видео) Бајден падна од велосипед, го кренаа телохранителите


Американскиот претседател Џо Бајден падна од велосипед додека се возеше во близина на плажата „Рехобот“ во Делавер за време на одморот, пишуваат западните медиуми.

Службениците за безбедност веднаш притрчаа кон првиот човек на Белата куќа и му помогнаа да стане.

„Добро сум“, рече Бајден (80) пред насобраните луѓе додека другите му приоѓаа.