(Видео) „Апокалипса“ стигна над Русија – небото е портокалово


 

Во Русија апокалиптични сцени. Огромна бура која со себе носи прашина го претвори небото во портокалово, пишува Русија тудеј.

На видео-снимките, со кои се преплавени социјалните мрежи, се гледа масивен портокалов облак кој за кусо време, носен со силни ветришта, буквално го проголта градот. Пријавена е голема материјална штета поради силниот ветар, а има и повредени.

Бурата помина над регионот Астрахан, кој припаѓа на руската република Калмикија, како и преку Дагестан кој се наоѓа на северот на Кавказ.

https://twitter.com/TOMKARUSAKOVA/status/1395096472933240832?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1395096472933240832%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D05dd%3D20nav_category%3D78nav_id%3D1860863

Снимките од Астрахан кој се наоѓа на брегот на реката Волга, покажуваат напуштени улици обвиткани со жолта песочна магла, додека оние малку луѓе што се затекнале надвор избегаа на сигурно.

Бурата помина низ средишниот дел на тој регион и ги оштети далкуводите, откорна покриви, искорна дрвја кои паднаа на паркираните автомобили.

Слични снимки стигнаа и од Дагестан, а на еден од нив низ песочната бура еднај се наѕира стадо овци.