(ВИДЕО анимација) На небото над Македонија речиси не летаат авиони

Еуроконтрол направи анимација за да го покаже влијанието на пандемијата на водушниот сообраќај и притоа ја опфати и Македонија.
#COVID19 🇲🇰 Во неделата имало само 38 летови во воздушниот простор на Северна Македонија, 95% помалку отколку во 2019 година. Ова е анимација. @NorthMKCAA @M_NAV_ @skopjeairport @wizzair pic.twitter.com/tfTgl4EWA1
— Eamonn Brennan (@eurocontrolDG) May 12, 2020
Според податоците на Еуроконтрол во неделата над нашата држава прелетале само 38 авиони, што е за 95 отсто помалку од лани во истиот период. Заради споредба Еуроконтрол дава и табела на бројот на летови во повеќе држави и видео анимација.