(Видео) Американци во Чикаго „ловеа“ бесплатни лото-ливчиња


Стотици луѓе се собраа денеска во „Хајд парк“ во Чикаго за да добијат бесплатен лоз за лотаријата „Пауербол“ (Powerball), чијашто премија достигна 1,4 милијарди долари. Лотаријата на американската сојузна држава Илиноис закажа „Предизвик за фаќање билети“, каде што учесниците добија можност од пет секунди во машина налик аеротунел, за да фатат што е можно повеќе бесплатни ливчиња, објави „Еј-би-си њуз“ (ABC News).

За време на двочасовниот настан, каде што изборот на натпреварувачи беше случаен, на тој начин беа понудени повеќе од 1.000 бесплатни лозови.

Директорот на Лотаријата на Илиноис, Харолд Мејс рече дека големите џекпоти даваат можност за интеракција со играчите, додавајќи дека иако Илиноис нема добитник на џекпот во САД од 2013 година, државата имала пет второпласирани добитници оваа година, prenese „Даблју-џи-ен њуз“ (WGN news).

Покрај наградите за играчите, Лотаријата на Илиноис објави дека 40 центи од секој долар потрошен на лото-ливче одат за образованието од предучилишна возраст до 12-то одделение во сојузната држава, со што вкупниот придонес во образованието од 1985 година досега е повеќе од 25 милијарди долари, објави Танјуг.

Иако во синоќешните игри немаше добитник, играчите ќе ја имаат следната шанса в сабота, кога џекпотот ќе биде 1,7 милијарди долари.