Хрватска ќе ги памети овие избори: Весна Пусиќ за потегот на Милановиќ


 

Поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ,  за телевизијата Н1 ја коментираше одлуката на нејзиниот поранешен шеф Зоран Милановиќ да оди на парламентарни избори со СДП како кандидат за премиер.

Пусиќ рече дека изборите сега станале интересни и возбудливи.

„Многу луѓе, без разлика за кого ќе гласаат, решија да излезат на гласање бидејќи за разлика од ситуацијата пред да се објави дека Зоран Милановиќ е кандидатот за премиер од таа листа, ситуацијата беше таква што немавме две рамноправни екипи кои се натпреваруваа на изборите.

Се чинеше дека опозицијата не е ни обединета во сите изборни единици, дека гласовите ќе се распаднат и дека нема некој доволно силен да ја извлече, а ХДЗ, без разлика на големите политички грешки што ги направи, ќе го добие мнозинството и ќе бира пратениците потоа. Сега веќе не изгледа така, туку како да се две рамноправни екипи што се однесува до поддршката“, рече таа.

„Милановиќ беше многу популарен во овој период, без разлика на неговите политички ставови, од кои повеќе се многу слични на оние на Пленковиќ. Тој е личност која ја осудува корупцијата, која е отворена во својот јавен настап и нема корумпирана опашка, дури и кога беше во извршната власт.

Овој неверојатен потег ги натера луѓето да се разбудат и да се заинтересираат за политика, многу повеќе луѓе ќе излезат на гласање. Среда нема да ја намали излезноста, ќе биде неработен ден и нема да бидат изборите што ги очекувавме до утрово, ќе бидат избори што ќе ги следат сите и кампањата нема да биде здодевна. Изборите ќе бидат меѓу Милановиќ и Пленковиќ“, заклучи Пусиќ за Н1.