Верувала дека се наближува судниот ден: Доживотен затвор за мајка во САД која си ги уби двете деца


Жената наречена „мајка на судниот ден“ е осудена на доживотен затвор без можност за условна слобода за убиство на нејзините две деца и заговор за убиство на поранешната сопруга на нејзиниот сопруг.

Лори Валоу (50) стана опседната со апокалипсата, соопштија американските обвинители. Мајката од Ајдахо верувала дека нејзините деца мора да бидат уништени за да можат да одат во рајот, можеше да се с слушне на судењето.

Таа, наводно, верувала дека нејзиниот син и ќерка се зомби и дека таа е божица испратена да ја започне библиската апокалипса. Таа доби три доживотни затворски казни, по една за секое обвинение, кои треба да се одлежат последователно.

Исчезнувањето на нејзините две деца во септември 2019 година, седумгодишниот Џошуа „Џеј Џеј“ Валоу и неговата сестра Тајли Рајан (16), ја шокираше нацијата и предизвика повеќемесечна потрага.

Дури во јуни 2020 година, полицијата ги пронајде осакатените останки на Џеј Џеј и Тајли на имот во Ајдахо што му припаѓа на петтиот сопруг на Валоу, Чад Дејбел, кој чека судење за истите обвиненија за убиство.

По долго судење, Валоу беше осудена за нивните убиства во мај оваа година, заедно со заговор за убиство на поранешната сопруга на нејзиниот сопруг Дејбел, Тами.

Пред изрекувањето на пресудата, таа му се обрати на судот тврдејќи дека нејзиното искуство блиску до смртта и овозможило да комуницира со „светот на духовите“.

Таа му кажа на судијата дека знае „сигурно“ дека нејзините деца и Тами Дејбел се среќни на рајот. Таа рече дека Тајли и Џеј Џеј комуницирале со неа дека се среќни по нивната смрт.