Ведро и многу студено, минусни утрински температури

Утрото денеска е ведро и многу студено, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Според прогнозата на УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 9 степени.
Во сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -10 степени.
-Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи, претежно од дожд, а на планините од слаб снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.