„Вашите земји одат во пеколот“: Трамп ги нападна европските лидери и ОН
На земјите што вложуваат во зелена енергија Трамп и порача дека „ќе пропаднат“, а признавањата на Палестина ги оцени како „награда за Хамас“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се обрати на Gенералното собрание на Обединетите нации, повикувајќи ги сојузниците да учат од неговата работа во Америка.
„Презедовме смели мерки за брзо запирање на неконтролираната миграција. Откако почнавме да ги приведуваме и депортираме сите што ја преминале границата и да ги отстрануваме нелегалните странци од Соединетите Американски Држави, тие едноставно престанаа да доаѓаат“, порача Трамп.
Тој издаде строго и зачудувачки предупредување до земјите што ги смета за преплавени од имигранти. „Време е да се заврши неуспешниот експеримент со отворени граници. Мора да го завршите сега“, рече тој. „Вашите земји одат во пеколот“, сугерирајќи дека Обединетите нации ја олеснуваат миграцијата.
Во говорот што траеше многу подолго од неговото доделено време, претседателот рече дека е „тука за да ја каже вистината“.„Не ми е гајле. Не ми е важно. Јас сум во Њујорк“, додаде тој.
Зборувајќи за војната во Украина претседателот изјави дека „во случај Русија да не е подготвена да склучи договор за прекин на војната, тогаш САД се целосно подготвени да воведат многу силен круг моќни царини“. Но, тој ги прекори европските сојузници и рече дека тие ќе „мораат да им се придружат“ на САД со „усвојување на истите мерки“.
Трамп инсистираше исто така Хамас да ослободи заложници, без да ја спомене хуманитарната криза во Газа. Претседателот рече дека „Хамас постојано одбивал разумни понуди за мир“ од нападот на 7 октомври.
Иако Трамп накратко призна дека „мора веднаш да ја запреме војната во Газа“, тој не ја спомена влошената хуманитарна криза. „Мораме да ги вратиме заложниците. Ги сакаме сите 20 назад. Не сакаме два и четири“, рече Трамп, повторувајќи го практично израелскиот став дека признавањата на државата Палестина се награда за Хамас.
Претседателот, кој сè уште не ја признал 80-годишнината од Обединетите нации, почна да ја критикува организацијата за тоа што не му помага во ниту една од неговите активности во надворешната политика. Трамп го повтори и своето погрешно тврдење дека „завршил седум војни“ откако се вратил на функцијата.
„ОН има толку огромен потенцијал. Секогаш сум го кажувал тоа“, рече претседателот. „Се чини дека сè што прават е да напишат навистина силно формулирано писмо, а потоа никогаш да не го следат тоа писмо. Тоа се празни зборови, а празните зборови не решаваат војна. Единственото нешто што решава војна е акција“, рече Трамп. Потоа продолжи со оцрнување на реновирањето на комплексот на Обединетите нации, практично сугерирајќи дека било претплатено и дека тоа се случува на поголемо ниво во целата ОН.
Во текот на целиот свој говор, Трамп ги оцрни проектите за чиста енергија во различни земји како неплодни и како дел од „новата зелена измама“.Тој се потсмеваше на неколку проекти за обновлива енергија и рече дека климатските промени се „најголемата измама што некогаш е извршена врз светот“ и значат дека не можете да „избегате од оваа зелена измама“.Потоа тој им упати предупредување на земјите што инвестираат во овие проекти: „Вашата земја ќе пропадне. А, јас сум навистина добар во предвидувањето на работите“.
Доналд Трамп го започна својот говор со „најголемите достигнувања“ од неговите први осум месеци на функцијата. Тој наведе голем број причини зошто мисли дека Америка е во своето „златно доба“. Инаку, Трамп го започна својот говор забележувајќи дека телепромптерот не работи.
„Можам само да кажам дека оној што го управува овој телепромптер е во голема неволја“, се шегуваше тој, по што мораше да зборува слободно без напишан говор.