Вашингтон пост го тужи Стејт департментот за депешите од лабораторијата во Вухан


Американскиот весник Вашингтон пост поднесе тужба против Стет департментот откако им беше одбиено барањето да добијат увид во депешите за безбедност во лабораторијата за истражување во кинескиот град Вухан, од каде почна пандемијата со корона вирус.

Како што објави Вашингтон пост, тужбата е поднесена во Окружниот суд на САД во Вашингтон и се однесува на две депеши кои американските дипломати во Пекинг ги упатиле во Стејт департментот по посетата на американски научници во Институтот за вирусологија во Вухан.

Дневникот, повикувајчи се на Законот за пристап до иформации, побара нивната содржина да се обелодени, но Стејт департментот го одби барањето наведувајќи дека нема јасна потреба депешите да се обајвата веднаш.