Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер


Фото: Б. Грданоски

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија Вардар ги пушти во продажба влезниците за отворањето на сезоната. Во Скопје се игра вечното дерби на македонскиот фудбал и гостува битолски Пелистер. 

Вардар претходната недела ги заврши настапите во Конференциската лига на УЕФА, па сега остануваат само домашните натпревари за „црвено-црните“.

Влезниците за дуелот со Пелистер ќе можат да се купат преку продажната мрежа на „МкТикетс“, а цената на еден билет е 300 денари и само за јужната трибина. 

Натпреварот Вардар – Пелистер се игра в петок на 8.август во вечерен термин од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.