Валандово не е повеќе без заболени од Ковид-19
До вчера само Пехчево и Валандово во Македонија немаа активни случаи на пациенти со Ковид-19, но денеска во Валандово е регистриран еден позитивен.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402. Денес се евидентираат три контролни теста. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 5.000, активни 1231
Куманово 1.114, активни 260
Дебар 208, активни 117
Штип 910, активни 381
Прилеп 337, активни 47
Тетово 1071, активни 186
Струга 470, активни 187
Велес 227, активни 22
Битола 153, активни 71
Охрид 288, активни 80
Кавадарци 83, активни 61
Гостивар 513, активни 283
Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица 39, активни 23
Крива Паланка 25, активни 11
Радовиш 29, активни 16
Крушево 16, активни 8
Кочани 108, активни 20
Пробиштип 58, активни 21
Демир Хисар 36, активни 27
Македонски Брод 42, активни 36
Пехчево 6, активни 0
Берово 8, активни 4
Валандово 7, активни 1
Виница 26, активни 22
Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 14, активни 5
Свети Николе 230, активни 130
Кичево 179, активни 109
Ресен 146, активни 19
Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)