Вакцината против ХИВ спремна за тестирање на луѓе
Компанијата „Модерна“ ќе започне со тестирање на експериментална вакцина против ХИВ на луѓе.
Во првата фаќа на тестирање ќе учествуваат 56 здрави луѓе кои не се заразени со ХИВ, на возраст меѓу 18 и 50 години.
Целта на првата фаза е да се процени безбедноста на вакцината базирана на мРНА технологија и да се следи одговорот на имунолошкиот систем на човекот.
Ова тестирање доаѓа по повеќегодишно истражување на потенцијална mRNA вакцина, a „Модерна“ и „Фајзер“ се првите компании чии вакцини од овој тип се користат на луѓе. Вакцините се покажаа генерално успешни во борбата против коронавирусот.
Moderna всушност ќе тестира две различни верзии наречени мРНА-1644 или мРНА-1644v2-Кор, а станува збор за првата мРНА вакцина дизајнирана за борбата против ХИВ.
Во тестирањето ќе учествуваат четири групи луѓе, две групи ќе примаат мешавина од различните верзии на вакцината, а две од втората верзија.
Првата фаза ќе трае околу 10 месеци, а потоа следат втората и третата фаза со фокус на ефикасноста на вакцината и спречување на зараза со ХИВ вирусот на пошироката популација.
Научниците се оптимисти особено затоа што станува збор за мРНА вакцина.