Вајц: Не гледам ни напредок ни реформи во Северна Македонија!
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за Еуроњуз на бугарски јазик порача дека ќе му биде жал и за земјата и за граѓаните на Македонија ако Владата не ја искористи можноста што е создадена сега околу приклучувањетѕо во ЕУ. Тој притоа истакна дека проблем не е само вклучувањето на Бугарите во Уставот туку и неостварената рефорсма агенда, со оценка дека во моментов не гледа никаков напредок и никакви реформи во земјата. Дела е изгубена цела година.
Вајц и овојпаст повтори дека уставните измени сепак се условот без кој преговорите навистина не можат да продолжат.
„Точно така. Но, гледаме некои позитивни чекори. Постои Акционен план за прашањата на малцинствата, така што има одреден развој, но владата мора да ги спроведе реформите. Во спротивно, не можеме да се вклучиме во вистински преговори’, порача кратко Вајц.
Околу дилемата дали Македонија може да биде земја сигурен партнер на ЕУ бидејќи постојано ги критикува соседите, па и Европската унија, Вајц одговори одоколу:
„Меѓусебното почитување меѓу нашите земји е основа на нашата соработка во Европската Унија. Ова важи за сите земјите во Европската Унија, но и за сите кандидати кои сакаат да станат членки на ЕУ. Разбирањето е дека само заедно, особено во oвие геополитички времиња, само заедно како европски народи сме способни да го браниме нашиот европски начин на живот, нашите европски вредности. И ова важи за сите влади, како и за владата на Северна Македонија. A, во последната година во Северна Макеоднија нема никаков напредок, нема реформи и не станува збор само за почетокот на преговори, туку и за реформската агенда, за Планот за раст. Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47 милиони евра нема да отидат кај неа, туку кај соседните земји“, рече Вајц.
Зборувајќи за најважните реформи за пристапување кон Европската Унија и за самата земја, Вајц ги наброја реформите во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, обезбедувањето независно судство кое обезбедува правда за граѓаните, но и за бизнисите, како и за развојот на земјата. „Без Европската Унија, ако немате соодветен статус на владеење на правото, нема да привлечете странски инвеститори. Значи, ова е клучно прашање. И да, корупцијата е рак во нашите општества, а исто така и во Европската Унија. И во мојата земја сè уште се бориме со корупција. Прашањето е дали имаме институции, дали имаме законодавство, дали имаме власти кои се способни и спремни и имаат политички простор да дејствуваат за борба против корупцијата или не. И сè уште треба да видиме подобрување во оваа насока од страна на Северна Македонија и Владата на Северна Македонија. Ова е јасно наведено и во извештајот“, посочи Вајц.
Запрашан за барањето одново да се преговара Преговарачката рамка, Вајц отфрли таква можност.
„Заштитата на малцинствата и правото на самоопределување, како и културното изразување. се дел од главните европски вредности. Ова е предуслов. Ова се Копенхашките критериуми. Секоја земја што аплицира за пристапување мора да ги исполни овие барања и ова нема да се промени. Значи, не само од моја гледна точка, прашањето не е предмет на преговори, туку го слушам ова и од Советот и од Комисијата. Ова е нешто што земјата треба да го направи. Да внесе дополнителни малцинства во уставот и да го гарантира правото на самоопределување и културно изразување. Ова е барање на Европската Унија. Ова е предуслов и мора да се исполни. Во спротивно, без уставен амандман, нема да започнеме преговори’, беше категоричен Вајц.
На прашањето колку е голем ризикот Северна Македонија трајно да остане изолирана, ако политичката елита продолжи да се потпира на националистичка реторика наместо на реформи, Вајц рече дека она што го гледа како позитивно е дека постои изјава дека нема да има избори следната година и најава дека владата на Северна Македонија е подготвена да ги забрза своите напори во однос на реформите.
„Разликата меѓу Македонија и Албанија го следи принципот на заслуги. Албанија напредува многу брзо, особено кога станува збор за законодавството. Во однос на неговото спроведување во пракса, сè уште треба да видиме повеќе на терен. Не треба да ја запреме едната страна затоа што другата не напредува. Исто така, се надевам дека пристапувањето на Албанија или големите шанси за Албанија да се приклучи, исто така, ќе дадат поттик на политичката сцена во Северна Македонија. Го гледам ова кај луѓето. Откако започна разграничувањето, поддршката за Европската Унија во Северна Македонија расте и се надевам дека владата ќе ги слушне своите граѓани. Тоа е тоа што луѓетого сакаат, а не го сакаат толку многу поради еден политички или идеолошки аргумент, туку главно поради владеењето на правото, безбедноста, како и економскиот развој, прашања од секојдневниот живот“, рече Вајц.
Тој не верува дека ова оддложување на процесот ќе не втурне кон евроскептицизам или кон Русија и србија.
„Гледам разбирање кај владата дека Европската Унија беше на нивна страна вчера,
дека ги поддржува сега и е подготвена да ги поддржи и утре. Постои прозорец на можности за сите земји од Западен Балкан во однос на пристапување, бидејќи геополитичката ситуација многу јасно покажува дека само ако ги обединиме нашите сили, сите можеме да бидеме безбедни. И ова создава значителен импулс, како за земјите од Западен Балкан, така и овде во Европската Унија. Не гледам ниту една земја, ниту една земја-членка која е остро против проширувањето. Сите земји-членки во принцип се за проширување, и ова е навистина можност. И ако владата во Северна Македонија не ја искористи оваа можност, се плашам дека тоа ќе разочара голем дел од нејзиното население.Можам само да ја повикам владата да разбере дека ситуацијата во моментов е многу поволна во однос на пристапувањето. Ако не ја искористат оваа можност, многу ми е жал за земјата и за нејзиното население“, рече Вајц.
Гледајќи напред, беше следното прашање, кога реално Северна Македонија може да се приклучи на Европската Унија?
„Доколку Северна Македонија е сериозно посветена на реформите и имајќи предвид дека земјата е кандидат повеќе од 25 години, таа веќе направила некои чекори што другите земји сè уште не ги направиле, како што се Босна или Србија. Значи, ако навистина се посвети на сериозни реформи, сепак би имала некаква шанса да се приклучи на клубот на Албанија и Црна Гора за да се приклучат во овој мандат на Европскиот парламент. За жал, досега не гледам дека се преземаат потребните реформи. Во овој момент, не гледам политичка волја од страна на владата сериозно да се посвети, особено кога станува збор за владеењето на правото и независноста на судството. Цела година е изгубена. Но, јас сум таму за да поддржам. Јас сум тука да помогнам регионот да се движи напред. Затоа нема да се откажам“.