Вахабистот Рамовиќ ликвидиран од српската полиција
Министерот за полиција изјави дека Рамовиќ бил во бегство по терористичкиот напад пред израелската амбасада во Белград во јуни и дека во еден момент се криел на Косово.
„Оваа акција е продолжение на акциите извршени по терористичкиот акт пред израелската амбасада во Белград“, изјави Дачиќ.
Дачиќ додаде дека апсењето на Рамовиќ е извршено во координација со Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА), Министерството за внатрешни работи (МВР) и Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар.
Српските власти претходно го означија Рамовиќ како станодавател на Милош Жујовиќ, кој на 29 јуни во Белград со самострел тешко рани полицаец кој ја чуваше израелската амбасада, кој во таа прилика возврати и го уби напаѓачот.
Сенад Рамовиќ претходно беше осуден на 13,5 години затвор за тероризам во Србија.
Тој беше уапсен во 2007 година поради вооружена пресметка со полицијата во селото Трнава кај Нови Пазар, кога беа уапсени и 14 негови соработници. Во јули 2009 година, Судскиот совет на Специјалното одделение на Окружниот суд во Белград осуди 12 обвинети од таа група на повеќе од 60 години затвор за здружување за неуставни активности, тероризам и планирање убиство на тогашниот главен муфтија на Исламската заедница во Србија, Муамер Зукорлиќ.