Утрово се гасеше пожарот на планината Жеден


Утрово со воздухоплови се гасеше пожарот на планината Жеден, кој веројатно не успеа да се изгаси сам од студеното време преку ноќта, како што се надеваа од Центарот за управување со кризи.
 
Вчера, околу 17.35 часот од страна на Е-112 пристигната е пријава за пожар на отворен простор кај планината Жеден во близина на село Радуша. Известени се надлежните од ЈП „Караџица“ за натамошно постапување. Од 05.30 часот БППЗ има едно возило на терен кој ја следат состојбата.
 
Два пожара сѐ уште се водат како активни… Дали ќе се употребат хеликоптери подоцна ќе се види, согласно извидувањето од надлежните институции и информациите од терен. П
 
Покрај овој, активен е уште еден пожар кај село Вешала, Тетовско, каде гори ниска вегетација, а луѓето од Националниот парк „Шар Планина“ се повлечени од терен и останува денеска  да се интервенира ако има потреба.  
 
Инаку, во Скопје вчера биле гасени запалени депонии и ѓубришта во Ѓорче Петров, Кисела Вода и во Петровец. Во Битола изгасени се два пожара на ниска вегетација кај  фабриката „Микросам“ и еден на улица „Орде Чопела“.
 
Трска и стрништа се гаселе во Охрид, а во Велес ниска вегетација. Во Штип било интервенирано на гасење стрниште во блзина на фабриките „Екстра фунги“, „Слога“ и „Риал Агро“.
 
Изгаснати се пожари во Кочани, кај Грдовци, Делчево кај Бакина Ливада, Крива Паланка кај селото Добровница и во Тетото опколу градот.