Утре штрајк на вработените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен


(Фото: АП)

Берлин – Аеродромот во Хамбург денеска е затворен поради штрајк, а вработените на речиси сите аеродроми, вклучувајќи ги и главните центри на Германија во Франкфурт, Минхен и Берлин, утре ќе прекинат со работа на повик на синдикатот Верди.

Синдикатот Верди претходно ги повика персоналот на земја, ракувачите со багаж и персоналот за обезбедување на аеродромите да стапат во еднодневен штрајк.

Се очекуваат големи ограничувања за полетување и слетување на авиони, вклучително и откажување на голем број летови.