Уште една жртва на пожарот во дискотеката во Кочани


Изгорената дискотека во Кочани (Фото: Б. Грданоски)

Пациент кој бил на лекување во Литванија со тешки изгореници по телото е 61 жртва на страшниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани.

Според министерството за здравство во моментов во медицинските центри надвор од Македонија се лекуваат 67 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана.

Повеќе детали наскоро се очекува да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски. Тој исто така се лекуваше во Литванија и беше најкритичен пациент.