Уште еден удар врз меѓународната трговија: Поскапува минувањето низ Суецкиот канал

Во текот на 2021 година преку познатиот канал беа превезени вкупно 1,27 милијарди тони товар


 

Претседателот на Управниот одбор на Суецкиот канал (SCA), Осама Раби, изјави дека таксите за навигација преку овој канал ќе бидат зголемени за 6,0 отсто од февруари 2022 година, што ќе придонесе за раст на годишните приходи за 400 милиони долари.

И покрај шестдневниот сообраќаен метеж во двете насоки во март минатата година, кога џиновскиот брод Ever Given се заглави преку каналот, SCA оствари годишен приход од 6,3 милијарди долари во 2021 година, најголем досега забележан во историјата на каналот, кој се смета за една од најважните алки во светскиот поморски транспорт.

Според менаџментот на каналот, приходите лани се зголемени за 12,8 отсто или 720 милиони долари во однос на 2020 година. Раби наведе дека низ каналот во двата правци поминале 20.694 бродови, што е десет отсто повеќе од претходната година.

Во текот на 2021 година, Суецкиот канал превезол вкупно 1,27 милијарди тони товар, или 8,5 отсто повеќе од 1,17 милијарди тони во 2020 година.