Уште еден пад на криптовалутите по одлуката на Кина да ги забрани трансакциите со нив
По вчерашниот раст, пазарот на криптовалути денес забележа сериозен пад и во последните 24 часа имаше „минус“ од 3,3 проценти.
Вчерашниот потег на официјален Пекинг и Централната банка на Кина за прогласување незаконски на сите трансакции направени со биткоин и други виртуелни валути, директно влијаеше на вредноста на дигиталните валути.
Кинеските регулатори наведоа дека дигиталните валути директно се мешаат во работата на финансискиот систем и дека се користат за перење пари и други прекршувања, пишува Блиц.
Така, биткоинот падна за 3,7 проценти во последните 24 часа и се тргува по цена од 42.796 долари. Меѓутоа, за една недела, оваа криптовалута загуби 9,4 проценти од својата вредност.
Етерeум, исто така, го следеше трендот на намалување на пазарот. Падна за 5,3 проценти во последните 24 часа и во моментов вреди 2.934 долари, а во изминатата недела изгуби високи 14 проценти.