УС Опен го зголеми наградниот фонд


Њујорк- Организаторите на УС Опен објавија колкав ќе биде наградниот фонд оваа година.

Во споредба со 2024 година, тој е зголемен за 20% и ќе изнесува 90 милиони долари.

За сингл натпреварите, наградниот фонд ќе биде распределен на следниов начин:
Прво коло – 110.000 долари;
Второ коло – 154.000 долари;
Трето коло – 237.000 долари;
Четврто коло – 400.000 долари;
Четвртфинале – 660.000 долари;
Полуфинале – 1,26 милиони долари;
Финале – 2,5 милиони долари;
Титула – 5 милиони долари.

Отвореното првенство на САД започнува на 24 август.

Претходно, првите 20 тенисери на АТП и ВТА побараа зголемен награден фонд на Грен слем турнирите.