Унгарија не дава раска да падне врз Кина околу Хонгконг


Унгарија се претвора во бастион на Кина во ЕУ; Виктор Орбан и Ши Џинпинг

Будимпешта ја блокира секоја изјава со која треба да се осуди мешањето во демократските преоцеси во Хонконг. За Унгарија нејзините врски со Кина се поважни од единството на ЕУ

 

Колку надворешната политика на Европската унија е расцепкана поради различните интереси на земјите членки се покажа и денеска на министерскиот состанок, кога Унгарија ја блокираше изјавата на блокот за влијанието на Кина врз настаните во Хонгконг. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас остро ја критикуваше Унгарија за „апсолутно неразбирлива“ одлука за блокирање на изјавата на ЕУ, со која се обвинува Пекинг за угнетување на демократијата во Хонг Конг.

Министрите за надворешни работи на ЕУ не беа во можност да го усвојат текстот, иако дипломатите рекоа дека тој веќе бил измиенза да добие поддршка од Унгарија. Одлуките за надворешна политика на ЕУ бараат едногласност.

„Ова не е прв пат Унгарија да се отцепи од единството на [ЕУ] кога станува збор за прашањето на Кина”, изјави Мас пред новинарите по последниот состанок на Советот за надворешни работи на блокот во понеделникот.

Состанокот беше втор во последните неколку недели на кој министрите за надворешни работи не успеаја да усвојат заклучоци за Хонгконг, заради спротивставувањето на Будимпешта.

„Мислам дека секој може да разбере сам каде се причините – затоа што има добри односи меѓу Кина и Унгарија“, рече Мас, мислејќи на тесните економски и дипломатски врски меѓу Пекинг и Будимпешта, која е членка на кинескиот бизнис 17 + 1 и инвестициска иницијатива.

„За суштината, сметаме дека ова е апсолутно несфатливо“, додаде Мас. „Важно е дека особено кон Кина – по изречените санкции и исто така по санкциите на парламентарците на ЕУ, Европската унија зборува со еден глас. За жал, ова беше спречено од Унгарија“.

Помеѓу двете состаноци на ЕУ, унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Според Министерството за надворешни работи на Кина, Орбан рекол дека Унгарија „придава големо значење на нејзините односи со Кина“ и дека е „среќен што билатералната трговија бележи позитивен раст и покрај пандемијата“. Ши му рекол на Орбан дека Пекинг „високо го цени“ „цврстото придржување кон Будимпешта кон пријателската политика кон Кина“.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за новинарите по состанокот во понеделникот изјави дека сака да вложи „последен напор за да добие едногласност“ за заклучоците околу Хонгконг.

Еден дипломат од ЕУ рече дека приговорот на Унгарија рефлектира став дека „декларациите и заклучоците не произведоа ништо друго освен понатамошно влошување на односите со Кина“.

Портпарол на унгарското претставништво во ЕУ рече дека „нема промена во унгарската позиција“ за критичкиот текст за Кина и додаде: „Покрај тоа, ова прашање не беше на дневниот ред на [Советот за надворешни работи] денес“.

За време на состанокот во понеделникот немаше никаква дискусија или усвојување на текстот за заклучоците од Хонг Конг, бидејќи од подготвителните дискусии беше јасно дека Унгарија ќе го задржи ветото, како што беше случајот во средата на состанокот на амбасадорите на ЕУ, каде што тие имаа задача да се справат со прашањето. (Според агенциите)