Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски потпишаа договор за соработка


Во годината кога Драмски театар одбележува 80 години од постоењето и по повод Светскиот ден на театарот, Diners Club објави партнерство кое оди подалеку од класичната бизнис поддршка,  соработка втемелена во почитта кон културното наследство и посветеноста кон луѓето кои го создаваат и го уживаат.

За Diners Club, оваа одлука е природен чекор во нивната мисија да бидат поддршка во моментите кои навистина значат.

„Во време кога светот сè повеќе се движи со брзина на дигитализација и алгоритми, веруваме дека вистинската вредност на животот и понатаму се мери преку емоциите, доживувањата и спомените што ги создаваме. Театарот е едно од ретките места каде што таа емоција сè уште се случува во живо, непосредно и силно. Затоа ова партнерство не го гледаме само како спонзорство, туку како инвестиција во културната и емоционалната вредност на општеството“, вели Тони Јанковски, директор на оддел за развој на производи и иновации во Diners Club Македонија.