Уметничка слика купена за 600 долари, достигна цена од 3,1 милион на аукција
Сликата која е пронајдена во една колиба на фарма, минатата недела беше продадена за дури 3,1 милион долари.
Станува збор за дело кое го насликал Антонис ван Дајк, а кое прикажува старец како седи на столче. Сликата настанала врз основа на жив модел, веројатно во период помеѓу 1615 и 1618 година, кога Ван Дајк бил млад уметник и работел со колегата Питер Пол Рубенс во Антверпен.
Once abandoned in a farm shed, a rediscovered Anthony van Dyck painting has sold for over $3 million at auction.https://t.co/y98505l2pw
— CNN (@CNN) January 29, 2023
Сликата е пронајдена во колиба на фарма во Киндерхук, Њујорк, кон крајот на 20-от век, а ја купил страсниот колекционер Алберт Б. Робертс за само 600 долари. Меѓутоа, дури неодамна било утврдено дека станува збор за дело на Ван Дајк.
На аукција на куќата „Sotheby’s“ одржана минатата недела, сликата била продадена за 3,1 милион долари. Моментално се наоѓа во музејот „Boijmans van Beuningen“ во Ротердам.