Украинскиот дрон што се урна во Финска имал боева глава


Украинскиот дрон што се урна во Финска во неделата носел неексплодирана боева глава, објави финската полиција во понеделник.

Финска во недела објави дека два украински дрона паднале на југоистокот од земјата, за прв пат од почетокот на војната меѓу Русија и Украина.

„Дронот што падна северно од Кувола е пронајден и, според прелиминарните резултати, носел неексплодирана боева глава“, објави полицијата.

Леталото подоцна било уништено во контролирана експлозија.

Идентификуван е како голем украински дрон AN196, кој има распон на крилјата од 6,7 метри и е долг 4,4 метри.