Украинците ги даваат заштедите за да ја помогнат армијата
Украинската амбасада во Скопје денес соопшти дека значително се засилени ракетно-артилериските напади врз цивилни објекти (станбени згради, училишта, породилишта) и на употребата на диверзантски групи кои влегуваат во украинските градови и села облечени во украински воени или полициски униформи. Според амбасадата, има кршење на законите за водење на војна бидејќи руските сили користат забранети касетни и вакуум бомби. Овие злосторства против човештвото, како што најави веќе, ќе ги истражува Меѓународниот суд на правдата.
-Украина не е сама. Со Украина е целиот демократски свет. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Украина треба да стане членка на ЕУ. Германија ја запре сертификацијата на гасоводот Северен тек 2, одлучи да и достави сериозно оружје на Украина.Турција донесе одлука да го затвори Црноморскиот теснец за воени бродови на Русија.Приклучувањето на традиционално неутрална Швајцарија кон санкциите на ЕУ против Русија е многу важно.
Анти- Путин коалицијата води целосна економска и финансиска војна со Русија, максимално помагајќи ѝ на Украина за уривање на рускиот режим.Како резултат на западните санкции, рубљата падна на историски најниско ниво, сите аеродроми во Европа и не само во Европа се затворени за Русите.
Граѓаните на Русија не сакаат да го запрат своето лудо раководство кога бомби паѓаат врз мирните Украинци, кога се пукаат луѓе од тенкови, кога нивните ракети убиваат украински деца…Можеби сега, кога се соочуваат со секојдневни проблеми поради изолацијата на Русија и поради големиот број загинати руски војници, ќе почнат поактивно да излегуваат на улица и ќе го запрат своето лудо раководство.
Европа и светот исто така водат активна контрапропаганда на лажната руска пропаганда. Руските канали кои шират дезинформација, РТ и Спутник, масовно се затвораат во Европа.Во Чешка, Обвинителството веќе ги покренува првите кривични случаи против приврзаниците на Кремљ според членот за одобрување и пропаганда на геноцид и блокираа 8 пропагандни веб страни.Дури и во Северна Македонија, гледаме значителни промени во покривањето на настаните, при што сè помалку медиуми користат информации од руски пропагандни извори, соопштија од амбасадата.
Од таму посочуваат дека 70% граѓани во земјата се уверени дека Украина ќе успее да го одврати нападот на руските окупатори, а 91% од Украинците ги поддржуваат постапките на Претседателот Зеленски.
-Обичните луѓе ги донираат своите заштеди за финансиски да помогнат во одбрана на својата земја. Историски бран на патриотски подем ја зафати Украина. Путин погрешно пресмета, тој објави војна на повеќе од 40 милиони патриотска нација.Ние се бориме и ќе се бориме за нашата слобода. Секој кој е подготвен да и даде реална поддршка на Украина може да се обрати во Амбасадата за конкретни информации, стои во соопштението.