Украина пред три години се разбуди со зборот војна: Митинг на здружението „Лесја Украинка“ во Скопје


Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод 3-та годишнина од руската целосна инвазија на Украина организираше митинг и марш во центарот на Скопје. Во обраќањето на митингот искажаа тага и болка, благодарност до нашата држава, и барања за дополнителна помош.

„Пред точно три години започна еден од најстрашните денови во модерната историја на Украина – денот кога руската федерација изврши целосна инвазија. Пред три години на милиони луѓе животите драстично се променија. Украина пред три години се разбудија со зборот Војна“, се вели во соопштението на „Лесја Украинка“.

Понатаму додаваат оти овие три години Украина „боледува од секој проектил, секоја бомба и граната испукана врз неа, болка за сите загинати цивили и бранители, сите згаснати сонови, секој кој е принуден да го напушти својот дом за да се спаси себеси и своите деца од страшниот и безмилосниот руски монструм“.

Од здружението велат дека се разочарани од тоа колку дезинофмрации се шират низ целиот свет, и колку руската пропаганда е масивна.

„Во текот на овие три години, илјадници и илјадници домови беа разурнати, илјадници животи беа изгубени, а судбините на милиони Украинци беа уништени. Ниту еден збор не може да го пренесе она што Украинците го чувствуваат денес“, посочија од „Лесја Украинка“

Посочуваат дека Македонија им помогна на многу луѓе кои мораа да ги напуштат своите домови обезбедувајќи место за престој и работа за голем број Украинци.

„Македонија ги отвори вратите за голем број Украинци кои успеаа да се спасат од војната и да талкаат низ светот во потрага по заштита и нов можен дом. Државата пружи можности за живеење и работа, како и помош во политичката и воена сфера“, се вели во соопштението.

Но, како што додаваат, Русија не се откажува од целите кои што ги има зацртано.

„Одземањето територии сѐ уште се во тек исто такако и нападите“, велат оттаму.

Од здружението Лесја Украинка браат обединување да се помогне на фронтот со донации, да се шират само вистинити информации и молба „да заврши сè што е можно побрзо“.