Украина објави дека го оштетила еден од последните руски „авакси“


До пред војната Русија имаше 10 од овие авиони „А-50“

 

Генералштабот на украинските вооружени сили потврди оштетување на рускиот авион за рано предупредување „А-50“ (сличен на американските „авакси“) како резултат на нападот врз фабриката за поправка на авиони во регионот Новгород. Според украинската страна, авионот бил на одржување во времето на нападот и евентуално бил подложени на надградби.

Авионите „А-50“ (исто така познати како „летачки радари“) играат клучна улога во рускиот систем за контрола на воздушниот сообраќај. Секој авион чини помеѓу 300 и 500 милиони долари. „А-50“ овозможуваат брз одговор на воздушни закани, вклучително и дојдовни крстосувачки ракети. Пред целосната инвазија, според проценките на украинските вооружени сили и западните разузнавачки служби, Русија имала приближно 10 од овие авиони. Неколку беа соборени од украинските одбранбени сили. Во моментов, во Русија остануваат не повеќе од пет оперативни „А-50“ и модернизирани „А-50У“. Русија во моментов не е во можност да произведува овие уникатни авиони.

Генералштабот на вооружените сили на Украина нагласи дека ќе продолжи да напаѓа важни објекти на рускиот воено-индустриски комплекс сè додека вооружената агресија врз Украина не биде целосно запрена.