Украина ем војува ем ги обновува разурнатите градови: Бородјанка со нов лик

Реконструкцијата не се одвива само со идејата за „враќање на она што било“. Наместо тоа, се применуваат модерни пристапи


Центарот на Бородјанка во северниот дел од Киевската област, изгледа убаво и живописно

 

Бородјанка – град северозападно од Киев, стана еден од најинтересните и најсложените случаи на закрепнување по практично разорно уништување од страна на руската армија во раните денови од целосната инвазија на Украина.

Помеѓу февруари и април 2022 година, напаѓачките сили уништија поголем дел од градот и неговата инфраструктура. Според локалното население, ниту една зграда не останала неоштетена.

Но, многу работи можат да се променат за четири години, пишува во својата репортажа „Киев пост“.

Следните две фотографии ја прикажуваат истата зграда на улицата „Централна“ веднаш по рускиот напад, а и денес.

Вака изгледаше погодената зграда од руските бомби и вака изгледа сега кога е обновена

Постарите згради што можеа да се обноват откако беа погодени од бомби и гранати беа обновени во помодерен стил. И многу од оние што беа целосно уништени беа обновени од нула.

Речиси сите овие згради сега се полни со станари, а локалното население се врати дома и покрај тоа што работите на околните улици сè уште не се завршени.

Реконструкцијата не се одвива само со идејата за „враќање на она што било“. Наместо тоа, се применуваат модерни пристапи, со широки тротоари, функционални приземја и велосипедски патеки.

Според раководителот на одделот за урбанистичко планирање и архитектура, Вјачеслав Барбулов, основна цел како дел од напорите за реконструкција е да се создаде модерен инклузивен простор.

Идејата е едноставна – повеќе места за пешаци, поголема удобност за постарите лица и лицата со попреченост и подобрена безбедност на патиштата.

Банкси дојде во Бородјанка да ја наслика „Гимнастичарката“

Сепак, урнатините на некои стари згради не исчезнаае, вклучувајќи ги и оние што имаат историска вредност и оние на кои уметниците оставиле графити.

Меѓу нив е и „Гимнастичарка“, создаден од анонимниот британски уметник Бенкси.

Споменик на познатиот украински поет Тарас Шевчанко, оштетен од руски војници, е зачуван како симбол на непобедливата сила и несмалената историја и култура на Украина.

Пристапот на Украина кон обновувањето на Бородјанка – делумно финансиран од украинската држава, а делумно од меѓународни грантови – е еден вид експеримент. Доколку се покаже како ефикасен, владата потенцијално ќе се обиде да го повтори во други градови. Според владата и медиумите, се очекува напорите за закрепнување да чинат околу 35 милиони долари – многу за мал град како Бородијанка, пишува „Киев пост“.