Украдениот накит од Лувр е „значајна културна загуба“ со „непроценлива вредност“
Кога ќе земете предвид дека овие парчиња накит преживеале револуции, егзил и децении политички превирања само за да исчезнат во седумминутен грабеж со скала и план, тоа се чувствува помалку како криминал, а повеќе како удар во стомакот. За културата. За елеганцијата. За континуитетот
Париз – Вкупно девет парчиња накит биле цел на криминалците, а осум всушност биле украдени во најдрската – и можеби најскапата – кражба некогаш изведена во Лувр (за седум минути), кој ги сместува најценетите уметнички колекции во земјата. Француските политичари јавно жалеа за загубата и ги нападнаа оние што ги сметаа за одговорни, гласно барајќи да знаат како такво нешто може да се случи во најпознатиот музеј во светот во 9:30 часот во недела наутро.
„Изгледа како сценарио од филм или телевизиска серија“, рече Ариел Веил, градоначалник на центарот на Париз, каде што се наоѓа Лувр.

Крадците го изгубиле деветтиот, круната на сопругата на Наполеон III, царицата Евгенија, за време на нивното бегство.На неа има осум златни орли, 1.354 дијаманти, 1.136 дијаманти со розова боја и 56 смарагди. Канцеларијата на парискиот обвинител во соопштението изјави дека и втор скапоцен камен бил „изгубен или напуштен за време на бегството на сторителите“, но не кажа за што станува збор.
„Пленот би бил невозможно да се продаде во сегашната оштетена состојба“, рече Александар Жикело, претседател на водечката аукциска куќа Друо Патримоан.
Наполеон ја нарачал оваа круна за својата сопруга за Универзалната изложба во Париз во 1855 година. Според музејот, „Александар-Габриел Лемоние (околу 1808-1884) бил задолжен да ја дизајнира круната на царот и онаа на царицата со некои од овие дијаманти. Круната на царицата, во музејот Лувр, го открива сјајот на Второто Царство, како и виртуозноста на златарите од овој период.“
Лувр додава: „Целокупниот дизајн му беше доверена на јувелирот Ж.-П. Маеу, а Лемоние ги монтираше скапоцените камења“. Покрај тоа, орлите ги создадоа браќата Август и Жозеф Фание. Музејот забележува: „Овие двајца уметници беа вработени од најголемите златари во Париз“.
„Вреди неколку десетици милиони евра – само оваа круна. И тоа не е, според мене, најважниот предмет“, изјави за Ројтерс претседателот на аукциската куќа Друо, Александар Жикело.
Мистерија зошто крадците не го украле дијамантот Регент, кој се наоѓа во Галеријата д’Аполон и се проценува дека вреди повеќе од 60 милиони долари од Сотбис.

Маскираните крадци ги таргетирале „двете витрини“ во галеријата д’Аполон. Изградена на барање на кралот Луј XIV, галеријата ја сместува кралската колекција на скапоцени камења и кралски дијаманти, вклучувајќи три историски: дијамантите Регент, Санси и Хортензија.

Наполеон ѝ го предал овој сет на Мари-Луиз од Австрија, неговата втора сопруга, во 1810 година, со намера да го додаде во нејзината лична кутија за накит, според Лувр. Изработена од јувелирот Франсоа-Рењо Нито, ѓерданот е составен од 32 смарагди и 1.138 дијаманти. Ѓерданот и парот обетки, кои биле зачувани во нивната оригинална состојба, се приклучија на колекцијата на Лувр во 2004 година.
Објавената листа вклучуваше ѓердан со смарагди и дијаманти што Наполеон ѝ го дал на својата сопруга, царицата Марија Луиз.

Украдена е и тиара што некогаш ѝ припаѓала на царицата Евгенија, која има речиси 2.000 дијаманти;

и ѓердан што некогаш ѝ припаѓал на Марија-Амелија, последната кралица на Франција. Според веб-страницата на Лувр, има осум сафири и 631 дијамант.

Евгенија де Монтижо, сопруга на Наполеон III и последна царица на Франција, имала извонредна лична колекција накит. „Евгенија беше свесна за внимателноста на нејзините модни избори како царица и остроумно избра да гледа напред, поддржувајќи ги младите кариери на Чарлс Ворт и Луј Витон, и да го почитува минатото, црпејќи инспирација од Марија Антоанета“, изјави трговецот со ретки накити Ли Сигелсон за главната уредничка на T&C, Стеллин Воландес, во 2019 година. „Нејзиниот извонреден вкус беше копиран низ целиот свет, а низа важни дијаманти беа неопходни за нејзината внимателно изработена кралска личност.“

„Кражбата е „напад врз наследството што го цениме затоа што е наша историја“
Претседателот Емануел Макрон во порака на социјалните мрежи рече дека кражбата е „напад врз наследството што го цениме затоа што е наша историја“.
Потоа тој даде ветување: „Ќе ги вратиме делата, а сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Се прави сè, насекаде, за да се постигне ова“.
Канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека отворила истрага, асе вклучи и Интерпол.

Во моментот на кражбата, музејот веќе бил полн со посетители. Петмина членови на музејот биле или во или во близина на позлатената галерија Аполо. Следејќи го безбедносниот протокол на Лувр, тие контактирале со полицијата, „давајќи приоритет на заштитата на луѓето“, според соопштението на француското Министерство за култура.
Никој не бил повреден, соопшти министерството, иако канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека персоналот бил под закана од крадците.
Ова беше првата кражба од Лувр од 1998 година, кога беше украдена слика од Коро и никогаш повеќе не беше видена.

Не е бутик за накит. Не е приватен трезор. Тоа е Лувр.
„Не е бутик за накит. Не е приватен трезор. Тоа е Лувр. Веројатно најзначајниот музеј во светот. Тврдина на уметност, историја и да – мода“, се насловите од париските весници.
Украдените парчиња не биле само музејска сопственост. Тие биле визуелни артефакти од раскошот и наследството на Франција. Меѓу нив: дијамантска и смарагдна тиара што ѝ припаѓала на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, смарагден ѓердан и соодветни обетки и брош за кој се шпекулира дека се носел за време на неколку портрети од ерата на Второто царство. Сите се дел од колекцијата за цел да одразат „моќ, префинетост и династички континуитет“, според кураторите на музејот.
Ова е истата царица Евгенија која често се наведува како една од најраните влијателни личности на високата мода. Покровител на Чарлс Фредерик Ворт, таа помогна во дефинирањето на самиот концепт на модните сезони. Нејзиниот вкус обликуваше една ера, а нејзиниот накит не беше само украс – тие беа изјави. Кога ќе украдете нешто такво, не крадете само дијаманти. Крадете симболика.

Повеќе од грабеж
Француските власти го опишаа грабежот како „значајна културна загуба“ со „непроценлива вредност“. Интерпол сега се приклучи на истрагата, додека историчарите на модата и колекционерите на луксузни предмети тивко го задржуваат здивот.
Не е прв пат грабеж во музеј да се појави во насловите, но овој погодува поинаку. Не само поради пленот, туку поради она што тие парчиња претставуваа. Модата не е секогаш изложена зад стакло, но кога е, нè потсетува дека стилот е временска линија – а понекогаш и бојно поле.
Кога ќе земете предвид дека овие парчиња накит преживеале револуции, егзил и децении политички превирања само за да исчезнат во седумминутен грабеж со скала и план, тоа се чувствува помалку како криминал, а повеќе како удар во стомакот. За културата. За елеганцијата. За континуитетот.

Грабежот бил нарачан од колекцинонер?
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез рече дека истрагата е доверена на специјализирана полициска единица која има висока стапка на успех во разоткривањето на грабежи од висок профил.
Истражителите ги држат сите траги отворени.
Но, тој рече дека е веројатно дека грабежот бил нарачан од колекционер, во кој случај постоела можност да се вратат парчињата во добра состојба, или дека го извршиле крадци заинтересирани само за вредни скапоцени камења и скапоцени метали. Тoj рече дека странско мешање не е меѓу главните хипотези.
„Разгледуваме хипотеза за организиран криминал“, , додавајќи дека може да станува збор за крадци кои работат на барање на купувач или бараат пристап до накит што може да биде корисен за перење криминални приходи.
„Денес, сè може да се поврзе со трговија со дрога, со оглед на значителните суми пари добиени од трговија со дрога.“
Мона Лиза беше украдена од музејот во 1911 година во една од најсмелите кражби на уметност во историјата, во грабеж во кој беше вклучен поранешен вработен. Тој на крајот беше фатен и сликата беше вратена во музејот две години подоцна.
Порано оваа година, службениците во Лувр побараа итна помош од француската влада за реставрација и реновирање на старите изложбени сали на музејот и подобра заштита на неговите безбројни уметнички дела.
Макрон, пишувајќи на X, рече дека новиот владин план за Лувр објавен во јануари „обезбедува зајакната безбедност“.
Министерката за култура Рашида Дати рече дека прашањето за безбедноста на музеите не е ново.
„40 години имаше малку фокус на обезбедувањето на овие големи музеи, а пред две години, претседателот на „Лувр“ побара безбедносна ревизија од префектот на полицијата. Зошто? Затоа што музеите мора да се прилагодат на новите форми на криминал“, рече таа. „Денес, тоа е организиран криминал – професионалци“. (Според агенциите)