Украдени неколку парчиња оружје од сеф во барака во сопственост на „Паркови и зеленило“


Во барака во Карпош, која била во сопственост на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје бил обиен сеф и било украдено оружје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (05.01.2026) околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје било пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.