Украдени 200 литри дизел од булдожер кој го проби патот за Царевец, низ снег


Од Месната заедница Галичник информираат дека поради големите наноси од снег, ноќеска, пробиен е патот за Царевец, во Галичник.
Како што пишуваат на официјалната Фејсбук страна, пробиен е патот за Царевец, но украдени се 200 литри дизел-гориво, кое се користело за булдожерот.
„Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање.
А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот. Случајот е пријавен во ПС Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета“, пишува на Фејсбук страницата на МЗ Галичник.