Укината забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка


Фото: Б.Грданоски

 Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка. 

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.