УХМР со предупредување за утре: Врнежи, ветар и снежна покривка на планините
Утре ќе дува умерен со засилен, а на места повремено и силен ветар (над 60 км/ч) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во пекот наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20л/м2, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе поминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде позразен во Повардарието.
Во Скопје, утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд и услови за појава на ретки грмеќи. Во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, со засилен ветар од северн правец.