Угостителите од Крива Паланка на информативен состанок


Градоначалникот Сашко Митовски денес оддржа информативен состанок со локалните соственици на угостителските објекти на територијата на општина Крива Паланка, со цел директно да ги информира присутните за координирањето на активностите што единиците на локална самоуправа ги преземаат во врска со вонредните инспекциски контроли во објектите од јавен карактер, а кои се во надлежност на Општината, како и споделување на информација за досега превземените активности на Општината со надлежните служби и инспекциското одделение од општината, дадените задолженија и рокови на извршување на истите, а  во насока на подигање на јавната  свест и  безбедност и заштита на граѓаните.

Градоначалникот Митовски ги информираше присутните за постаката за спроведување на вонредните контроли, а поконкретно за потребната документација за објектите што  сопсвениците треба да ја приложат, почитувањето на сите безбедносни стандарди, дали објектите имаат исправна протипожарна опрема и функционални противпожарни хидранти, дали електринчните инсталации се безбедни и соодветно одржувани, постојат ли јасно обележани и функционални евакуациони патеки и планови, како и дали се поседуваат безбедноси елаборати.

Дополнително, беше споделена и информација по однос на оддржан состанок на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која присувствуваше и градоначалникот Сашко Митовски.

На овој состанок се донесени соодветни заклучоци и  биле отворени актуелни прашања околу примарната надлежност на општините во односс на спроведување на надзор и контрола на објектите и дека овие постапки  мора да се вршат во координацја со надлежните центррални органи, а во насока на утврдување на темелен основ за континуирана превенција и стабилизирање на состојбите околу заштитата на граѓаните.

На состанокот, градоначалникот Митовски потенцираше, дека конкретно за  угостителскиот сектор на територијата на целата држава, најголем предизвик е во делот на урбаната опрема на угостителските објекти и намените од деталните урбанистички планови, затоа на состанокот на Управниот одбор на ЗЕЛС било формирано работно тело кое ќе работи на изнаоѓање на предлог решенија за одредени законски измени заради решавање на конкретните проблеми на општините.