Удрил во куќа во Лондон, а потоа излегол и со мачета ги расекол луѓето


Денеска околу 7 часот наутро, маж нападна луѓе во североисточен Лондон. Ги сечеше со мачета. Пред тоа со автомобилот удрил во куќата.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите, наводно, имало и двајца полицајци.

„Полицијата и другите служби за итни случаи се во Хено, источен Лондон, по сериозен инцидент во кој маж е уапсен со меч.

Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци“, соопштија од полицијата.

36-годишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.